Владата со буџетот за 2023 година потврди дека Македонија е влезена во период на стагфлација, односно по нискиот раст оваа година, во 2023 година планираат низок раст од 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%, вели во интервјуто за порталот „Пари“ финансискиот експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка, Маја Кадиевска Војновиќ, која се приклучи кон острите критики од експертите за усвоениот буџет и фискалната политика во земјава.

Владата со буџетот за 2023 година планира да потроши 5,3 милијарди евра што е за 65% повеќе од последниот буџет во 2017 година на претходната власт (од 3,2 милијарди евра). Веќе втора година по ред вкупните расходи годишно растат над половина милијарда евра, а во меѓувреме справувањето со кризи потфрла и реализација на инфраструктурни проекти нема. Генерално, Владата со буџетот за 2023 година потврди дека Македонија е влезена во период на стагфлација, односно по нискиот раст оваа година, во 2023 година планираат низок раст од 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%. Но, проекцијата за растот е опимистичка во услови кога забавува економската активност на нашите најголеми трговски партнери и кога забавува и домашната побарувачка заради високите малопродажни цени кои го еродираат реалниот доход на населението и високите цени за струјата, кои ја намалуваат ликвидноста на домашните фирми и можноста за инвестиции. Владата докажа дека нема капацитет да реализира капитални проекти, па затоа базирањето на растот на инвестициската активност на државата е неразумно. Од друга страна, ризиците за инфлацијата се во нагорна насока, поттикнати од надворешни и домашни фактори. Буџетот се полни од инфлацијата, а не од реалната економија, вели таа.

Целото интервју на Пари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.