„Политичката нестабилност инвеститорите секогаш ја гледаат како еден голем ризик фактор, а ние во Македонија имаме политичка нестабилност бидејќи немаат стабилност во Влада. Значи имаме Влада која што менува министри на секои шест месеци, година дена и тоа укажува дека нема стабилност во таа Влада. И затоа би требало да имаме значи предвремени парламентарни избори за една стабилност и една издржливост на политичката сцена“, истакна Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кадиевска Војновиќ додаде дека повлечената еврообврзница го наруши рејтингот на државата пред инвеститорите. И тоа рејтингот во смисла дека Владата покажа неозбилност во еден процес на издавање на еврообврзница на меѓународни пазари.

Со целиот овој јавен долг дали било СДС на власт, дали било ВМРО, дали било ДУИ, Алијанса, и кој и да е, значи паѓа на товар на граѓаните. Значи граѓаните се оние кои што на крај имплицитно дали преку зголемување на даноци, дали фирмите преку зголемување на даноци, ќе треба да ги вратат сите овие позајмени пари“, нагласи таа.

Таа посочи дека ова што се случи потресот со еврообврзницата првин иницираше скапо задолжување на домашен пазар од страна на државата. А, скапото задолжување и ваквата потрага по пари, по ликвидност за да се исфинансира Буџетот го истиснува приватниот сектор да позајмува од банките, бидејќи еден од инвеститорите на оваа издадена двегодишна еврообврзница токму се банките.

Гледаме дека не се исплатени плати на доктори. А, дали има ликвидност во Буџетот? Дел од овие средства од повлечената еврообврзница беа најверојатно за да се обезбеди ликвидност во Буџетот. А, дел веројатно и за некои стари долгови“, заклучи Кадиесвак Војновиќ.

Таа нагласи дека владата не треба да се доведе во ситуација да нема пари. Државата не смее да си дозволи да не исплаќа плати на граѓаните, особено во здравствениот сектор.

Ја нарушивме фискалната одржливост, повлече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.