По воведувањето на антикризните мерки на Владата, очекувањата се дека декемвриските сметки ќе бидат пониски. Во штипското Јавно Комунално претпријатие “Исар”, според првичните пресметки само ќе се ублажи финансиската состојба и со остатокот од парите ќе се покриваат долговите направени во периодот кога сметките беа повисоки од вкупниот приход на претпријатието, објави 24 вести.

Спас од ваквата финансиска состојба штипски Исар гледаше во изградба на фотоволтаици и мала хидроцентрала, но откако Владата не одобри општински обврзници, засега овој проект е ставен под знак прашалник. Според Здравков, пак, реализацијата на проектот ќе значи остварување на дополнителни средства и конечно Јавното Комунално претпријатие да не работи само за исплаќање на долгови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.