Сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање на фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука.

Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места коишто ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка.

Во оваа прилика ние би сакале да започнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од некои приближно 20 милиони евра, коишто би ги инвестирале тука“, рече извршниот директор на Епсотех.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.