Дрилон Исени, извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, смета дека најмногу оваа војна ќе се одрази врз енергетиката, транспортот и нафтените деривати. Зборувајќи синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 за ефектите од руската инвазија на Украина врз македонската економија Исени рече дека поради геостратешката положба на Украина и моќта на Русија во поедини сектори во индустријата енергетиката ќе претрпи најголеми реперкусии.

„Кризата во Украина е една од најголемите во светот, и најверојатно ќе има најголеми реперкусии на економиите во сите земји, со оглед на геостратешката положба на Украина и моќта на Русија во поедини сектори во индустријата. Дефинитивно во областа на енергетиката ќе има најголеми несакани ефекти. 40% од гасот и 25% од нафтените деривати доаѓа од овие земји. Транспортот ќе има најголем ефект. Знаеме дека транспортните трошоци се покачија за 15%, и сега сметам дека уште повеќе ќе се покачуваат. Се нарушува ланецот на снабдување и ова ќе се рефлектира силно, и може да резултира со намалување на снабдување со храна. Знаеме дека Русија и Украина 30% од светскиот извоз на пченица. Така да ние директно нема да имаме, но индиректно ќе имаме многу“, рече Исени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.