Несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот. Немањето силна конкуренција во Македонија, односно присуство само на два мрежни оператори, постојано е нотирано во извештаите за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ, како забелешка што мора да се адресира во блиска иднина, се вели во анализата на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ за состојбата на пазарот на мобилна телефонија по најавата за влез на нов трет играч.
Дали доаѓањето на трет мрежен мобилен оператор е закана за комодитетот на постојните два играчи? Дали третиот мрежен мобилен оператор ќе триумфира во вистинската трка на македонскиот пазар за мобилни услуги? На овие прашања ИНРЕКОМ во анализата вели дека промените на пазарот се неопходни.
„Македонија има два мрежни оператори и четири виртуелни оператори, со што на прв поглед пазарот изгледа дека е со голем избор, но во основа ситуацијата е поинаква. Според последните објавени податоци за пазарот од страна на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со последниот квартал од 2023 година, состојбата е следна – од вкупно 1.950.114 претплатници на мобилна телефонија:
Состојбата во однос на приходите обезбедени од мобилни услуги е малку поинаква:
Врз основа на овие статистички податоци, може да се согледа дека двата мрежни оператори се и главни играчи, а уделот по број на корисници или пак по удел во вкупниот колач од приходи на виртуелните оператори е незначителен.
Имајќи го предвид и планот на српскиот Мтел да го преземе Лајкамобаел, уште толку ќе се промени сликата на пазарот на мобилни телекомуникации. Со ова, се наметнува дилемата, дали на пазарот има олигопол или сепак прикриен дуопол. Токму поради ова, несомнена е потребата од нов трет мрежен мобилен оператор за да се динамизира состојбата на пазарот.
Има ли реални услови за влез на нов играч штом има заинтересираност?
Уште во 2018 година, тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски тврдеше дека во Македонија има поволни услови за евентуален влез на нов, трет мрежен мобилен оператор и дека тогашната Влада ги презема сите потребни чекори за да се овозможи раздвижување на пазарот.
Иако во предизборната програма на СДСМ во 2017 година беше ветување за влез на трет мрежен мобилен оператор беше едно од предизборните ветувања, по седум години владеење, не успеаја да привлечат нов играч на пазарот. По првите три години на власт и АЕК и Владата тврдеа дека условите се обезбедени, но заинтересираност сѐ уште немало. Главен виновник за ова, според тогашниот директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, била политичката криза во која беше земјава.
Сега после промената на власта и повторното доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ, во чие време и настана спојувањето на Вип и Уан, новиот потпретседател на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски најавува влез на нов трет мрежен оператор – унгарски 4iG.
Интерес за влез на македонскиот пазар со мобилни услуги имало и порано. Најпрво од страна на турски Турксел за купување на поранешен Космофон од страна на тогашен грчки OTE во 2009 година, како и интересот на бугарскиот Виваком како што пишуваа медиумите во 2018 година, сега веќе дел од United Group.
Исто така, АЕК во одговорите од пристигнатите коментари за намера за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање бр. 0804-3576/2 од 18/12/2018 заинтересираност покажала и Јeлоу Мобајл за инвестирање во Македонија како трет мрежен оператор.
Интересен е и фактот дека лани, во 2023 година, граѓаните на Република Македонија на месечно ниво се разговарале во просек по 109 минути, додека годишниот просек изнесува 237 минути. Од овие факти, несомнено станува јасно дека заинтересираност за нов оператор има, но желбата од страна на властите отсуствувала.
Од друга страна останува неизвесно, дали еден од поголемите играчи во делот на фиксните услуги, македонскиот операторот Неотел кој нуди домашен 4G интернет, за што има добиено радиофрекфенции на користење од АЕК, дали ќе биде превземен од српски Мтел.
Со ова Мтел би добил подобра позиција како стартна подлога за влез како трет или четврт мобилен оператор, преку сопствената безжична 4G LTE мрежа.
Исто така, регионалната групација United Group која што во Македонија е присутна преку сателитскиот оператор Tотал ТВ, треба да биде поканета да ја разгледа можноста за инвестиции во мобилната и фиксната услуга во државата. За потсетување, United Group само во Македонија не нуди фиксни услуги како што се домашен интернет и фиксна телефонија. Во делот за мобилна телефонија, пак, United group има мобилна услуга во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Грција, каде што ги имаат комбинирано фиксните и мобилни услуги“, се вели во анализата на ИНРЕКОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.