Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.