АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември.

Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.

За гасот имаме официјална понуда од Макпетрол. Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма. За ноември за топланите ќе набавиме количини од Макпетрол, информираа денеска од АД ЕСМ за МИА.

Рокот за доставување на понудите н тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта. Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.