Прескапиот проект „Бектел и Енка“ претрпе сериозни критики во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. За изградбата на двата коридори досега се дадени околу 200 милиони евра, а не е изграден ниту еден метар, ниту пак има проект за изградба.

Во извештајот Европската комисија се наведуваат неколку оценки за сомнеж за криминал и корупција. За експертите на Европската комисија, прескапиот проект вреден најмалку 1,3 милијарди евра е доделен на американско – турскиот конзорциумот без јавна набавка што е во директна спротивставеност со правила на ЕУ и пазарната економија.

За ЕУ е проблематично и тоа што при усвојување на проектот во Собранието тој е донесен со злоупотреба на ЕУ знаменце.

ЕУ нема дилема дека проектот е спротивен на меѓународни обврски и правна рамка.Во делот на финансиските последоци според ЕУ Бехтел и Енка ги зголемува ризиците од негативен развој во фискалната консолидација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.