Професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски, во гостување за централниот дневник на Сител изјави дека позитивните ефекти од унгарскиот заем од милијарда евра ќе се почувствуваат.

Наумовски истакна дека оваа финансиска инјекција ќе биде значајна за македонската економија, особено за општините и бизнис секторот.

Професорот по економија потенцираше и дека средствата ќе бидат распоредени рамномерно за општинските проекти и за развојот на приватните бизниси и тоа ќе биде причина за раст на македонската економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.