Министерството за економија и труд денеска објави два јавни повици согласно Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година
Како што објави Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оваа година за оваа Програма се обезбедени вкупно 32.500.000 денари или 530 илјади евра за субвенции за компаниите.
Компаниите од денеска може да аплицираат за две мерки и да добијат финансиска поддршка и тоач
1.Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар
2.Јавен повик за надомест на дел трошоците за лаборатории
За јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар предвидени се 6.500.000 денари.
На јавниот повик може да алицираат компании од преработувачката индустерија кои имаат најмалку 5 вработени лица, и да нема добиено финансиска поддршка од државата за истата активност во изминатите две години.
Компаниите може да аплицираат за пет мерки на овој јавен повик и тоа: за изработка на стратегија за извоз и/или студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој на бренд за извозно ориентирани деловни субјекти; набавка, имплементација, сертификација и обука за хоризонтални стандарди; хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија, потребни за интернационализација и поголема конкурентност; надоместување на дел од трошоци за официјални такси за регистрација во меѓународни институции (WIPPO, EPO, EUIPO и други) за меѓународна заштита на правата на индустриска сопственост; соработка меѓу деловните субјекти и универзитетите за истражување, развој и иновации (користење на лабораториите при универзитетите за испитување и истражување, изработка на проектна документација за подобрување на технолошкиот процес и производ, стручна анализа и консултација, специјализирана обука, подготовка и објава на заеднички анализи и трудови во стручни списанија и сл.) и надоместување на дел од трошоци за дигитална трансформација на компаниите: развој/набавка на дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, систем за компјутерска безбедност, дигитален маркетинг.
Министерството за економија и труд го надоместува делот на трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000,00 денари.
За јавниот повик за надомест на дел трошоците за лаборатории обезбедени се вкупно 3.000.000 денари.
На јавниот повик може да аплицираат компании кои се во секторот за техничко испитување и анализи и организационите единици при факултетите, кои се бават со оваа дејност.Eден барател може да поднесе пријава и барање само за една активност. Корисник на субвенција не може да биде деловен субјект кој добил државна помош за иста активност во претходната година.
Лабаториите може да аплицираат за акредитација и проширување на акредитација на постоечки лабаратории за: набавка на стандарди/технички спецификации за лабораториски методи , консултански услуги за имплементација на ISO 17025, обука за примена на методи од опсегот на акредитација, учество на меѓународни семинари за PT шеми, акредитационен аудит со Институтут за акредитација на Република Македонија или надзорен аудит со Институтут за акредитација на Република Македонија.Оваа мерка се однесува и за набавка на опрема за лаборатории за пуштање на пазарот на квалитетни и безбедни производи во делот на доопремување на лаборатории и обука за ракување со опремата и калибрација на опремата.
Министерството за економија и труд надоместува дел од трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 400.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средства, согласно расположивите средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.