И годинава не беа целосно искористени неповратните пари од Европа преку ИПАРД 2. Ниту во периодот од 2017 до 2022 година не беа 100% искористени 60-те милиони евра на Европската комисија за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со трите мерки и неколкуте јавни повици склучени се 2.369 договори од фирми и физички лица кои се занимаваат со земјоделство и претприемништво за рурален развој. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој вели дека приоритет ќе се даде на дополнително финансирање на жените до 30 години кои се занимаваат со земјоделство.
За програмата ИПАРД 3 министерот за земјоделство Љупчо Николовски тврди дека се поедноставени процедурите. Половина од исплатата ќе се врши веднаш штом се склучат договорите, а другата половина на крајот на проектот. На пример, ако земјоделец аплицира за субвенција од 50.000 евра, мора да плати и 50.000 евра од свој џеб за истата инвестиција, било да станува збор за изградба, поправка, набавка на опрема, механизација или за машини за неговата фарма.
Во ИПАРД 1 програмата, до кога на власт беа ДУИ и ВМРО, во текот на 2012-2017 година беа реализирани само 20% од проектите. Останатите 80% од парите донирани од Европската комисија останаа нереализирани и беа вратени. Во рамките на ИПАРД 3 за Македонија се предвидени 157 милиони евра, со кои во наредните 5 години ќе се субвенционираат физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделство и рурален развој
извор: АлсатМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.