Воспоставување на електронска размена на податоци за увоз и извоз помеѓу двете држави пред пристигнување на стоката, билатерално меѓусебно признавање на статусот на Овластен економски оператор, подобрена комуникација и размена на податоци во реално време, како и воспоставување контакт лица со цел побрза реакција на службите.
Ова се точките договорени од директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски со директорката на Царинската управа на Црна Гора Маја Вучиниќ на средба остварена на маргините на тридневната Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.
Се договоривме во најскоро време да оствариме билатерална средба на високо ниво на која ќе бидат вклучени и стручните служби од двете страни со цел побрзо остварување на дефинираните заклучоци. Целта на договорените мерки е олеснување и забрзување на легалната трговија што ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави, соопшти Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.