До 30 ноември 2022 година продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба, одлучи Владата.
Одлуката е донесена на денешната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината, ќе треба да направи исплата кон земјоделците по оваа мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.