Царинската управа е важна алка којашто треба да овозможи економска трансформација и остварување повисоки стапки на раст преку подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на економијата. Ова се суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Виктор Мизо.
На средбата од двете страни беше истакнато дека Царинската управа преку спроведување на реформски мерки и политики треба да придонесе кон привлекување на нови странски инвестиции, проширување на производството и зголемен извоз на производи со поголема додадена вредност.
Директорот Николовски истакна дека континуираниот дијалог со компаниите е многу важен се со цел креирање мерки и политики чијашто цел ќе биде видлива и мерлива со зголемена конкурентност на компаниите.
На состанокот беше договорено Царинската управа да има редовни средби со компаниите се со цел навремено решавање на клучните прашања, но и унапредување на мерките со економски ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.