Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, го објави почетокот на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Македонија со капацитет до 400MW. Проектот претставува клучен чекор во компаниската цел да ја развие најголемата платформа за обновливи извори на енергија во Западен Балкан.
Инвестицијата, што ќе ја надмине бројката од 500 милиони американски долари, ќе биде најголема во Македонија, а со тоа и еден од најголемите проекти во Западен Балкан. Македонскиот капацитет ќе се зголеми за пет пати кога ветерниците ќе бидат целосно оперативни. Финансиското затворање на целата операција и добивањето на потребните дозволи, се очекува да заврши во 2025 и изградбата да започне на почетокот на 2026 година.
„Пресреќни сме дека денеска означуваме почеток на остварувањето на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе ѝ ја овозможи на Македонија толку потребната чиста и пристапна електрична енергија и ќе креира работни места. Alcazar Energy гледа во Македонија потенцијал со одлична локација за инвестиција, а со тоа се дава значење на капацитетите за создавање енергија од обновливи извори. Ние со нетрпение очекуваме одлична соработката со Владата и со локалните заедници во процесот на изградба на најголемиот парк на ветерници во земјата и со тоа силно ќе се зајакне капацитетот на државата со производство на струја од ветерници. И додека градиме одржлива инфраструктура каде е најпотребна – на пазарите во развој, паралелно генерираме приходи за инвеститорите. Нашиот успех во изградбата на вакви проекти за обновливи извори и нашата посветеност на принципите на ESG практиките, е обележје за нашиот капацитет и посветеност во овие клучни региони“, изјави Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.
Проектот, позициониран 75 километри југоисточно од Скопје, ќе игра важна улога во унапредувањето на Just Transition Investment Platform на Македонија во рамките на COP28 и значително ќе ја намали емисијата на стакленички гасови на државата. Планирано е отворање на 630 работни места, а кога ќе биде целосно оперативен проектот ќе се произведува чиста електрична енергија за повеќе од 100 000 домаќинства и ќе се намали емисијата на CO2 за 670 000 тони годишно. Со повеќе од 50 ветерници, проектот ќе заштеди 1,1 милиони кубни метри вода годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.