Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната нејзина посета во Македонска Каменица се осврна и на енергетиката односно какви состојби може да се очекуваат на енергетски план и потенцираше дека состојбата во енергетиката е катастрофална и дека надлежните немаат никаков план и дека плановите се правеле порано.

Состојбата со енергетиката е катастрофална, јас не верувам дека тие имаат воопшто некаков план бидејќи планот се правеше неколку месеци претходно. Во тој период за жал Владата не убедуваше дека состојбата е под контрола, дека ќе имаме планирано производство и за сметка на тоа сега гледаме во последниот месец како трчаат како избезумени во Бугарија, во Грција молат, коленичат за да обезбедиме струја, гас. Очигледно е дека ништо од тоа нема да се случи, но она што најмногу ме загрижува е тоа што не можат да обезбедат ниту пари затоа што во овој момент нас ќе ни требаат многу пари за да можеме таа струја да увеземе и да ја платиме, рече Димитриеска Кочоска.

Потпретседателката исто така посочи дека поради ваквите катастрофални состојби оваа влада треба да си оди, под итно треба да си поднесат оставки и да има предвремени парламентарни избори.

Жално е што морам да кажам, веќе не зборуваме и за затоплување на домаќинствата, зборуваме и за свеќи кои што ќе ги користиме дома затоа што ќе немаме и за осветлување. Затоа оваа влада треба да си оди, под итно треба да си поднесат оставки и да имаме предвремени парламентарни избори. Повеќе од јасно е дека ниту се способни и освен криминал и корупција ништо друго не ги интересира, додаде Димитриеска Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.