Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава. Укажува дека системското решение е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието.

Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ – рече Битиќи на новинарско прашање.

Државниот пазарен инспекторат, потсети, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на два супермаркета.

Навистина сакавме да укажеме дека во тешки времиња Владата ќе донесе мерки дури и кога се спротивни на принципите на пазарна економија, но сметам дека е дојдено време затоа што сите ја научивме лекција дека заеднички треба да се бориме против сите феномени во криза и дека сме доблесни да правиме и бизнис и да креираме политики и мерки на начин како што прилега на европска земја – изјави Битиќи, по посета на домашна компанија корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.