Поради зголеменото количество на акриламид од полиците во Хрватска се повлекува производот Аро чипс од 300 грама со вкус на пиперка.

Станува збор за производ кој има рок за конзумирање до 30 април 2023 година, се повлекува поради зголемено количество акриламид, извести во вторник Државниот инспекторат на Република Хрватска, пренесува „Б92“.

Производител на чипови е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољец, а во промет го пушта METTRO CASH & CARRY d.o.o. од Загреб. Чиповите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703 – се наведува во соопштението од хравтскиот инспекторат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.