Царинската управа ќе користи најсовремена напредна технологија за обука на цариниците. Станува збор за систем за виртуелно учење, базиран на напреден софтвер во тренд со најновите достигнувања во полето на виртуелна реалност. Оваа опрема е обезбедена од Светска царинска организација со поддршка на Царинската служба на Кореја и е инсталирана во просториите на Царинската управа, во рамки на Регионалниот центар за обука. Регионалниот центар за обука во Скопје е основан 2009 година во партнерство помеѓу Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Царинската управа, и е дел од мрежата на центри за обука поддржани од Светска царинска организација.
Системот ќе се користи за напредни обуки на царински службеници и треба да придонесе за унапредување на нивните вештини за анализа на ризиците при прегледи и контроли на стока“, истакна Кутиров на настан во Царинската управа на кој претставници на Царинската служба на Кореја ја презентираа програмата.
Со помош на слушалки, очила и контролен уред, цариниците влегуваат во виртуелна реалност, каде што можат да извршат контрола на документи и да откриваат обиди за недозволено внесување на лекови, фалсификувани стоки и експлозиви во товар при увоз.
Програмата е развиена и првично инсталирана во Регионалниот центар за обука (РТЦ) во Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.