Се уште трае процедурата за избор на консултантска куќа за надзор на изградбата на дополнителни коловозни ленти и реконструкција на автопатот Тетово – Гостивар. Откако есента во 2022 година беше поништен изборот поради недоставена банкарска гаранција, сега процесот е во жалбена постапка, соопшти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од тетовско Желино, кога ќе почне најавена реконструкција и проширување на делницата помеѓу Тетово и Гостивар.

Освен за Тетово – Гостивар, избраната компанија ќе соработува со изведувачот и за другите делници по Гостивар се до Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

Во Јавното претријатие за државни патишта во тек е постапка за избор на консултант и надзорен орган кој што ќе ја следи работата на изградбата во целиот период на овие автопатишта. Во тек е жалбена постапка која има строго утврдени рокови, по завршување на овие рокови, нашите очекувања се дека во тек на јануари ќе имаме веќе завршен избор со завршени жалбени постапки на консултантска компанија и веднаш таа компанија ќе влезе во преговори со компанијата „Бехтел“ за сите останати детали, рокови, динамични планови, цени на изведба на овие делници, зошто доколку е успешен тој договор ќе се случи договор со компанијата „Бехтел“. Сметам дека сме на самиот крај за избор на консултантска компанија во јануари за потоа да се оди понатаму, изјави Бочварски.

Во регионот, според Бочварски, за обиколница за Тетово од кај Требош кон Непроштено постпката за проектот е кон самиот крај.

И очекувам оваа година да се распише тендерска постапка.Таму има две фази на проектирање на оваа делница и очекувам да биде распишана постапка за избор на компанија која што ќе влезе во реализација на овој многу значен проект за Тетово и за целиот регион со што ќе го растоварат целиот регион и ќе даде шанса за побрз развој, рече Бочварски.

На новинарско прашање дали ќе има и излез на другата страна од автопатот кон Технолошко-индустриско развојната зона, Бочварски рече дека предвидена е клучка.

Предвидени се сите елементи кои се потребни и дозволени согласно законот и правилниците на државата за да има доволно дистанца и растојание, да може безбедно да фунцкионира кога ќе биде изградено, како проекти и како објект, потенцира министерот.

Бочварски повтори дека година ќе се реализираат преку 110 километри автопатишта со градење на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.