Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид.
Од денеска согласно времениот режим, делницата е биде вратена за сообраќај а со тоа граѓаните и туристие повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.
Делницата Подмоље – Охрид како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да се биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид -Подмоље.
Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспотрт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции како и Изведувачот и надзорниот орган, допринесе градежните активности на овој дел од патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.
Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса. Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање на подобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна министерот Бочварски.
Направивме силни напори со сите институции и изведувачи делницата на главната траса да ја ставиме во функција. Од денеска сообраќајот од Подмоље до Охрид се одвива повторно по главната траса, а ние со исто силно темпо продолжуваме да работиме и на другите позиции на автопатската делница Кичево – Охрид, истакна директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.