Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски присуствуваше на Конференција посветена на започнување на твининг проектот за подобрување на капацитетите и зголемување на безбедноста во цивилната авијација, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

 

Во своето обраќање тој потенцираше дека воздухопловството во Република Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока се преземаат значајни мерки преку кои се подобруваат  човечките и техничките ресурси и се воспоставуваат високопрофесионални стандарди во сферата на цивилното воздухопловство.

 

„Нашите политики во делот на авиосообраќајот веќе ги даваат посакуваните резултати и од аспект на цивилното воздухопловство и од аспект на теничката опременост на институциите. Токму 2023 година ќе биде година на постигнување на највисоки резултати во цивилното воздухопловство и по бројот на летови и по бројот на патници. Нашата крајна цел е зајакнување на меѓународните воздухопловни стандарди преку приближување на домашната легислатива со  европската, со цел создавање на европска заедничка воздухопловна област. И убеден сум дека овие цели Министерството заедно со  Агенцијата за цивилно воздухопловство во континуитет ги реализира”, изјави министерот Бочварски.

 

Тој истака дека Министерството за транспорт и врски започна со постапката за изработка на Национална стратегија за развој на воздухопловството во Република Македонија, која ќе биде со важност до 2032 година, документ кој се реализира со поддршка на Европската Унија.

 

Преку Стратегијата треба да се создадат оптимални услови за натамошен развој на институциите, кои пак треба да обезбедат ефикасен сообраќај, како и неопходна инфраструктура со цел добивање на услуги со висок квалитет и високо ниво на безбедност во целокупниот воздухопловен систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.