Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање за експропријација на земјиште околу браната на река Отиња, изјави дека експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти коишто даваат дополнителна шанса за развој на градовите и на целиот регион.
Најпрво, кога станува збор за експропријација на земјиште, не ја врши Министерството за транспорт, туку ја врши Агенцијата за имотно правни односи заедно со Државното правобранителство работи на таа проблематика и кога завршуваат постапките согласно процедурите коишто ги има во државата и согласно нивните правила за откуп на земјиште кога се гради објект од јавен интерес на крајот се доставува решение за експропирање на земјиштето, односно за исплата. Можам само да информирам дека секаде каде што ќе добиваме решенија за експропријација од страна на Агенцијата за имотно правни односи и завршена процедура преку Државното правобранителство со решение и потпис од страна на граѓаните каде што ќе се согласат за истата сума ние веднаш ќе ја исплатиме со што ќе ослободиме простор за дополнителен прогрес на работите на изградбата на браната на река Отиња, тоа што го правиме и на сите други инфраструктури објекти како што било случај и со овој експресен пат така и со сите останати објекти, изјави Бочварски на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Кочани, делница Крупиште – Кочани.
Бочварски потенцира дека 95 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски се наменети за граѓаните и за општините.
Кога станува збор за ставките каде што ќе може општините да аплицираат, ние имаме повеќе такви ставки каде што тоа го знаат и граѓаните и градоначалниците и општините ќе може да аплицираат за изградба на локалните патишта и рехабилитација, за комунални проекти за водоводи и канализации и секако дека преку изградбата на социјалните станбени згради и тоа како даваме поддршка на развојот на општините. Регионалната патна мрежа знаеме дека преку изградбата и реконструкцијата на ваквите патишта ние даваме поддршка за дополнителен економски развој, за отворање на нови работни места и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина, изјави Бочварски.
Тој посочи дека таму каде што отвораат повици, бараат од општините да аплицираат со добри и квалитетни проекти за, како што рече, да можеме брзо да ги реализираме средствата коишто се оставени на ставката за капитални расходи на Министерството за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.