Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, денеска го изнесе својот став за предлогот на Владата и Министерството за економија, училиштата и околу 100 до 150 компании за храна да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија.

Првиот регулатор смета дека на тој начин овие субјекти, кои во моментов плаќаат екстремно високи сметки за струја на слободниот пазар, не треба да се префрлат на регулираниот пазар бидејќи така ќе треба да му плаќаат фактури на ЕВН и дека подобро би било да склучат директни договори со ЕСМ Продажба кои би можеле да бидат дури и поевтини за нив.

– Јас не сметам дека треба да се вратат на регулираниот пазар, туку ЕСМ Продажба да им помогне. Инаку, цената од 48 евра по мегаватчас со која ЕСМ му ја продава на ЕВН ќе претрпи притисок и ќе се зголемат трошоците за маржа. Тоа не му е потребно на ЕСМ, затоа што компанијата треба да застане на здрави нозе, рече Бислимовски.

Според претседателот на РКЕ, ако власта сепак остане на ставот дека опција треба да биде регулираниот пазар, тогаш трошоците би се зголемиле за најмалку од 5 до 7 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.