Министерството за финансии ја издаде втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5% годишно и граѓаните веќе може да инвестираат преку поднесување барање за учество на аукцијата. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Тема на денот на ТВ Сител.

Граѓанската обврзница е инструмент кој на граѓаните им дава можност да ја зачуваат вредноста на нивните пари особено во услови на висока инфлација и таа е дел од политиките на Владата што ги презема за справување со ценовната криза. Интересот е голем од граѓаните за овој инструмент. Во првата емисија беше објавен проспект на 10 милиони евра, а беше запишан износ од 23 милиони евра, од страна на 1300 граѓани. Граѓаните покажуваат сега поголем интерес бидејќи веќе се запознаени со бенефитите коишто ги нуди овој финансиски инструмент. Дополнително тоа влијаеше и на зголемување на каматите на депозтите во банките, а позитивно влијание има и кај стопанството – рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Проспектот за втората емисија на граѓанската обврзница беше објавен на 18 октомври и граѓаните имаат можност преку деловните банки да поднесат барање за учество во аукцијата која ќе се одржи на 7 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.