Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Ребалансот на буџетот, ги изнесе клучните поенти околу обезбедување на стабилноста на буџетот, макроекономските претпоставки и догорочната одржливост на јавните финансии, при тоа нагласи дека целиот раст на скромните 2,1 отсто на БДП доаѓаат од домашната потрошувачка.

Го поздравуваме брзиот ребаланс за буџетот се усогласи со најновите макроекономски движења кои, имајќи ги предвид движењата во ЕУ, како наш најголем трговски партнер која се уште е во успорен раст на 0,8 отсто на годишно ниво, очекуваме тоа да има високо влијание врз макроекономските движења во Македонија. Тука МФ зема една прудентна претпоставка од 2,1 отсто БДП, 2,6 е на НБ, МФ со предлог буџетот одеше со 3,4 проценти и кога ние го изнесовме мислењето за Буџетот за 2024 година кажавме дека овие ризици треба перманентно да се следат и да се усогласуваат. Она што сакам да го истакнам што не беше на соодветен начин потенцирано од Министерството за финансии е дека целиот раст и на овие скормни 2,1 отсто доаѓаат од домашната потрошувачка. Значи во однос на претходната година нам нето извозот ни се намалува за 5 проценти поени. Значи ако лани ние сме имале покриеност на увозот со извор од 75 проценти, оваа година имаме околу 70 проценти – рече Бишев во обраќањето на Комисијата по експозето на министерката за финансии.

Тој појасни дека тоа значи дека ако нам за една единица ни расте нето извозот, реалниот бруто домашен производ ќе ни расте за 1,5 проценти. Како мала и отворена економија ние нема да може да го компензираме растот со стимулирање само на домашната потрошувачка, и растот ќе остане скромен. Тоа според него, се гледа и од оваа проекција и затоа, рече, фокусот мора да биде на мерките за зголемување на нето извозот.

Бишев, меѓу другото, рече дека со ребалансот на Буџетот се предидува раст на вкупните буџетски приходите од 14,8 проценти, а на расходите од 13, 8 проценти, со тоа вкупните буџетски приходи достигнуваат скоро 35 проценти од БДП, а вкупните буџетски расходи 40 проценти од БДП.

Наша оценка како Фискален совет е дека 40 проценти буџетски расходи, во БДП е преголоемо оптеретување кое долгорочно е неодржливо. Според сегашниот систем на даноци на доход и приходи, кога имаме линеарни даноци од 10 проценти, проценето е и тоа од економската наука во Македонија има консензус околу тоа, а Фискалниот совет го прифаќа за конзистентен став дека вкупните буџетски расходи на долг рок може да учествуваат со 33 – 34 отсто од БДП, бидејќи капацитетот на буџетските приходи е околу 31 процент од БДП. Инаку во 2019-та, пред ковид кризата, учеството на буџетските приходи во БДП изнесувал 29,4 проценти, учеството на даноците и придонесите 28,8 проценти и вкупните буџетски расходи биле 31,3 проценти од БДП. Значи ние за период од четири до пет години имаме енормен раст на учеството во БДП и тоа создава гиолеми ризици за стабилноста и здравоста на јавните финансии – рече Бишев.

Од Фискалниот совет упатија на две прашања што треба да се проверат. Првото се однесува на приходите по основ на даноци од добивка на корпорациите кои се проектирани да растат со 20 проценти, во услови кога реалниот БДП ќе расте со 2,1 проценти, ако планираниот данокот остане 10 проценти. Второто прашање се однесува на бројките проектирани во ребалансот во однос на придонесот за вработување и здравство, кои препорачуваат да се проверат. Бишев ја кажа и оценката за ефектите од најавеното зголемување на пензиите не само за буџетот за 2024-та туку и за целиот период.

Околу буџетскиот дефицит, ФС рече го охрабрува Министерството за финансии што поскоро да го примени Европскиот систем на сметки од 2010 година каде и дефицитот и доспеаните, а неизмирени обврски, и на државните претпијатија и на државните институции, да бидат вкучени во дефицитот и во јавниот долг. По индикативни податоци тоа се проценува, вели, на околу 500 милиони евра или 3,4 отсто од БДП. Тоа е кумулативно, не е од оваа година, и заради коректност, смета Бишев, треба да се постави таргет за тековниот дефицит, да се собере храброст ова од минатото се да се исчисти и да се прикачи, на што инсистира и ЕУ, посочувајќи дека вкупниот јавен долг е од 65-66 отсто од БДП.

Нашите препораки се со оглед на итноста, да се направи напор со одредени усогласувања Буџетот да се усвои, но МФ да се задолжи што побрзо да ја изготви буџетската стратегија и стратегијата за јавен долг кои се однесуваат на пет години и тука да се квантифицираат сите мерки и ефекти за усогласување со буџетските правила и тоа е добро да се направи пред да се донесе буџетот за 2025 година. Второ министерката за финансии да се овласти со ресоните министри да се обидат тековните расходи кои што се многу високи, а кои достигнуваат 38 отсто од БДП, а вкупните расходи 48 отсто, да успеат барем да ги намалат за 2 проценти, да не дојдеме до толку висока граница, освен, доколку не се ова дубиози од минатото – рече Бишев.

Тој се заложи за цврсти буџетски ограничувања посочувајќи го како добар модел тука примерот од претходниот министер кога две општини се соочиле со потреба од консолидација, им се даде 10-годишна обврзница за да си ги вратат своите обврски, по една дестина годишно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.