Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Груби и со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го одбележавме завршувањето на градба на фотонапонска електрана „Осломеј“ со тест период на целосно монтираната опрема на фотоволтаична централа во РЕК Осломеј.

Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија.

Од оваа фотонапонска централа во време на енергетската криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства во Кичево и регионот, односно вкупното годишно производство ќе изнесува од 15 до 17 гигават часови електрична енергија“ изјави министерот Бектеши.

Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека Владата е посветена на развивање политики кои ќе придонесат за енергетската транзиција.

Целосно сме посветени на развивање на политики кои ќе придонесат кон енергетска транзиција, преку нови инвестиции во обновливи извори на енергија и потикнување на енергетската ефикасност. Само преку енергетската транзиција, можеме да ја потикнеме заштитата на животната средина” рече министерот Бектеши.

Министерот Бектеши исто така најави дека по десет години целосно ќе преминеме на производство на електрична енергија од обновливи извори, односно ќе престане производството на јаглен.

Како што е наведено во Стратегијата за развој на енергетиката одобрена од Владата во 2019 година, таа исто така и дава на земјата флексибилност да одговори на соодветните политики за управување на ЕУ, што ќе доведе до конкурентна и климатско неутрална економија до 2040 година“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.