Лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска се продаваат без профитна маржа во маркетите, информираше на денешниот брифинг со претставници од медиумите министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот Бектеши со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја усвои Владата на вчерашната седница е предвидена профитна маржа за продажба на големо од 4%, а за продажба на мало 3% на следните произвоиди: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно крвјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – Салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.

Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за овие производи. А овошјето и зеленчукот, пченицата и солта се изземени од Одлуката со која се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи.

Министерот Бектеши, истакна дека приоритет на Македонија во вакви случаи , односно руска инвазија на Украина е одржување на животниот стандард на граѓаните.

Приоритет на секоја земја но и на Македонија во вакви случаи е одржување на животниот стандард на граѓаните. Затоа, ги повикувам сите пратенички групи во Собранието на Македонија дека не е време за политика, туку во рекордно време да се соберат и да се одобрат измените на законот за данокот на додадена вредност и акцизата, бидејќи секое чекање или пролонгирање на усвојувањето од истите закони ќе се заснова на формирање на цени само од цените кои се моментално на светските берзи, вклучително и нафтените деривати, цената на пченицата и пченката и истовремено сончогледовото масло каде што е глобално познато како најголем производител не само на европскиот континент но и на глобално ниво е Република Украина. Затоа утре, врз основа на можностите на Собранието и процедурите, очекуваме дека токму овие закони ќе бидат одобрени со што веднаш ќе започне имплементацијата на истите и веднаш ќе се почувствува ефектот и влијанието од овие измени во форма на нови цени, било да се тоа цени на храна или на нафтени деривати“ кажа Бектеши.

 

Министерот Бектеши најави и дека ќе ревидираат договорите на големите трговци, главно со трговците на мало кои се однесуваат на договори за купопродажба, каде се дадени дополнителни податоци кои вештачки можат да влијаат на зголемување или поскапување од страна на производителите, за оние прехранбени производи кои се увезуваат во нашата земја. Како што рече министерот Бектеши, истите договори ќе бидат укинати и нема да важат до 31 мај.

Исто така согласно Одлуката нема да пресметува и одобрува  рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.

Министерот Бектеши информираше и дека на вчерашната седница на Владата на предлог на Министерството за економија е донесена и времена мерка за забранет  извоз на масло за јадење со цел да се заштити домашниот пазар.

Забраната е донесена со цел да се стабилизираат цените на пазарот, а таа е започната од вчера од 19.00 часот“ кажа Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.