Продолжува неизвесноста околу проектот ХЕЦ „Чебрен“. Министерството за животна средина го продолжи рокот за склучување на договорот и сега останува на грчката страна да се изјасни што понатаму.

Во телефонски разговор за „Канал 5“ министерката за животна средина Каја Шукова, вели дека банкарската гаранција на грчката компанија Архиродон е со важност до крајот на годината. Доколку ја продолжат, процесот ќе продолжи и ќе се пристапи кон склучување на Договорот за заедничко вложување и основање на акционерско друштво со ЕСМ.

Се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно законот за води прво мора да добиете Дозвола за води, а потоа да се потпише Договор за концесија, а тие сметаат дека прво треба да се потпише Договор за концесија, а потоа да продолжи постапката понатаму. Но, ние се држиме на она што го регулираат нашите закони и за истото ќе биде информирана компанијата. Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот. До крај на година ќе имаме некакви информации во која насока ќе оди постапката“, изјави Шукова.

Во меѓувреме, експертите не отстапуваат од барањето проектот да се стопира. Според нив жалбите на грчката компанија се оправдани и се дел од тоа за кое и тие предупредувале. Очекуваат дека некоја од институциите кон кои поднесоа претставка пред некој ден ќе постапат и ќе го запрат проектот.

Константитн Димитров од здружението на инженери вели дека остануваат на ставот – Чебрен да не се дава на странски инвеститор, туку да го гради државата.

Барањето на тој што конкурирал веројатно е оправдано по тие точки, но и тендерот не е усогласен со повиците и законските одредби кај нас. Ние баравме да се испита легитимноста на вакви неусогласени работи. Сите сме загрижени, дека наместо да се пристапи сериозно од сите аспекти, ние даваме да ни владее врз државата, става рака друга држава. ЕСМ е држава, препуштат друга држава да ти води и раководи, суверенитетот го напушташ на некој начин. Ако еднаш едно кралство падне, веќе не може да се подигне“, вели Константин Димитров, професор за енергетика.

Владата по повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, во септември годинава донесе одлука преку јавно приватно партнерство да се реализира хидроцентралата Чебрен.
Проектот треба да чини 1 милијарда евра, пари кои ќе ги вложи концесионерот грчки Архиродон. Обврска на земјава е да го даде ХЕЦ Тиквеш како удел кога Чебрен ќе почне со работа, а за возврат Македонија ќе добие 33 % од сопственоста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.