Ефикасна помош или повторување на мерки од периодот на ковид-пандемијата, со задоцнети решенија и промоција на популизам? Ова е прашањето кое се анализира во јавноста по новиот сет на мерки за справување со енергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра, што вчера (9.10) го промовираше премиерот Ковачевски, пишува „Дојче веле“.

Вакви пакети се повторуваат веќе три години со ковид-пандемијата и веќе се научивме на кој начин владата ги изработува и презентира секогаш, ми се чини без потреба, со голема доза на популизам“, вели за Дојче веле поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Според него, расфрлањето со големи износи од 350 милиони евра е нешто што тешко може да се провери дали е точно. Особено што Владата со ребалансот на буџетот вети дека ќе се кратат непродуктивните трошоци, и со заштеда на 200 милиони евра ќе се менаџираат со последиците од економска и енергетска криза, но нема отчет дали и колку е заштедено.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.