Сите сме свесни дека со доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, МЕПСО и Електрани на Македонија ги направивте тешки загубари. Кои не се способни да инвестираат ништо, ниту пак да ги оддржуваат редовно постројките, а камо ли некои нови инвестиции, истакна пратеничката Силвана Ангелевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Собраниска седница.

„Цело време се повикувате дека тоа е светска криза во енегријата, меѓутоа факт е дека ако ние доборо работевме, ако немаше криминал, рекет и наместо да се насочат менаџерите на ЕЛЕМ и РЕК Битола да ги оддржуваат постројките и да копаат навремено јаглен, тогаш немаше да бидеме во ваква состојба каква што сме денес“, рече Ангелевска.

Ангелевска посочи дека ако произведувавме, ги оддржувавме постројките и не правевме криминали тогаш немаше да бидеме во ваква состојба.

Ангелевска додаде дека има најмало производство во гигават часови на Електрани на Македонија. Термоенергетските постројки произвеле само 2078,3 гигават часови. Доколку РЕК Битола работеше и се менаџираше како што треба, тогаш немаше да бидеме во ваква состојба каква што сме денес.

„Ако произведуваме онака како што е проектирано спрема инсталираниот капацитет на нашите постројки, тогаш ќе бевме земја извоник на електрична енергија, а не да плаќаме за увоз на електрична енергија“, кажа Ангелевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.