Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Виктор Андонов заедно со директорт на ЕСМ Васко Стефанов и директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ учествуваа на Белградскиот меѓународен енергетски форум БЕФ 2023, на којшто учествуваа и над 400 експерти од енергетиката од 28 земји, меѓу кои и министри и високи претставници на влади од регионот и од Југоисточна Европа како и претставници на енергетски компании кои дебатираа за енергетската иднина.
„Забрзана енергетска транзиција е клучен адут за посилен економски раст на регионот, производството на чиста зелена енергија ќе донесе нови работни места“, порача Андонов на панел дискусијата „Енергетски систем на Југоисточна Европа – стратегии за надминување на кризата“.
„Енергетсктата криза не научи дека точно таргетираните цели со прецизен план и темпо на реализација носат резултати како што беше изминатава тешка грејна сезона. Сега ни е потребен план во кој енергетските политики ќе ја покажат трасата на забрзаната енергетска транзиција која е реалност во Македонија.
Во земјава за една година и четири месеци издадени се лиценци за 428 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, односно за 207 MWh инсталирана моќност која е еднаква скоро на производството од еден блок од клучниот енергетски столб РЕК Битила, или со оваа нова инсталирана моќност вклучена на мрежа за една година и четири месеци може да се задоволат на десет градови во нашата земја“, рече Андонов.
Развојните проекти се фокусот на кој државната ЕСМ работи во моментов обелодени директорот Васко Стефанов.
“Работниците максимално се заложија, беа мобилизрани и ставени во погон сите човечки капацитети и производствените погони беа вклучени. Струја и парно обезбедивме за цела грејна сезона. Сега се подготвуваме и фокусираме за новата грејна сеозна. Инвестициите во обновливи извори на енергија е патот од кој нема назад”, посочи Стефанов.
Директорот на ТЕЦ Неготино, Стојановиќ рече дека државата стратешки се постави во услови на криза, и после 12 години во вистински момент го вклучи на мрежа ТЕЦ Неготино.
,,Многу е важно да се одржува ладната резерва за да може да се вклучи кога е најпотребно, како што беше случајот во енергетската криза. Сите овие години работевме, погонот да биде подготвен кога ќе биде неопходно”, додаде Стојановиќ.
На маргините на Белградскиот енергетски форум, соработникот за енергетика Виктор Андонов оствари кратка средба со министерката за рударство и енергетика на Република Србија, Дубравка Џедовиќ и со директорот на Секретаријатот на Енерегетската заедница, Артур Лорковски, на којашто разговараа за важноста од регионалната соработка, заедничкиот пристап и поддршката од ЕУ за успешна транзиција кон производство на електрична енергија од обновливи извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.