Академик Абдулменаф Беџети вечерва во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека мерките што синоќа ги презеде Владата и препораките дадени во однос на цените, временски се доста навремени и покрај тоа што можело да бидат воведени и пред една недела.

Тој рече и дека Владата треба да го следи протокот секој ден и со тоа секој ден да реагира флексибилно со мерките.

Владата или државните институции мора од ден на ден да ги следат тековите, трендовите, тенденциите и така натаму и евентуално да реагираат од ден на ден, флексибилно со мерките со кои може да реагира. Некои од институциите кои треба да бидат пример да ги повикаат граѓаните и да ги освестат граѓаните за воената состојба бидејќи всушност тоа се последиците од воена состојба и покрај тоа што кај нас нема војна, но економската војна понекогаш е болно како и другата“, рече Беџети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.