Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара средба со премиерот за надминување на, како што велат, последиците од зголемувањето на минималната плата.
Од Синдикатот нагласуваат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но бараат усогласување и на останатите плати.
Ако се дозволи и во иднина административните, судските и јавните службеници на повеќе нивоа со различна сложеност на работни места, како што беше и досега, да земаат минимална и под минималната плата што е случај само во јавниот сектор, без да се направи пропорционалнао покачување на платите, ќе дојде до големо незадоволсто на нашето членство. Затоа бараме сега, а впрочем тоа го побаравме и преку нашиот национален синдикат КСС, во кој членуваме, да се усогласи бодот кој што треба да го донесе Владата согласно минималната плата, се наведува во денешното соопштение од САДУ.
Во спротивно, Синдикатот најавува порадикално делување.
Ве уверуваме дека ако тоа не се случи со мартовската плата, која што треба да биде исплатена во април, од кога и почнува да се исплаќа новата минимална плата, под притисок на нашето членство ќе донесеме одлука за легитимно радикално синдикално делување, велат од синдикатот.
Барањето за средба со премиерот, како што информира синдикатот, е испратено денеска до Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.