Над милион граѓани може да останат без вода за пиење, бидејќи јавните комунални претпријатија ќе банкротираат ако државата не ги намали сметките за електрична енергија – предупредуваат од АДКОМ. Дополнително, стравуваат дека над 15 илјади вработени во комуналните претпријатија може да останат на улица.
Сметките за струја на комуналните претпријатија сега се за 10 пати повисоки од претходно. АДКОМ Бараат од државата и регулаторната комисија да им овозможи да ја плаќаат струјата по иста тарифа како домаќинствата за да можат да функционираат. Втората опција велат е финансиска помош од Владата со која претпријатијата ќе ја покријат разликата.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски предлага РКЕ да одредува единствена цена за услугите на јавните претпријатија. АДКОМ добиле поддршка од сите синдикални здруженија. На дебатата организирана од АДКОМ присуствувал и претставник од кабинетот на премиерот, кој рекол дека е дојден за да ги сослуша по што ќе ги пренесе нивните ставови на повисоко ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.