АД ЕСМ денеска испрати допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за неговите потреби, во кој побара до четврток 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април, информираат од компанијата.
– Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции, соопшти ЕСМ.
За периодот ноември-април, како што велат во соопштението, АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нормални кубни метри природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.