„И ние и други европски народи забораваме колку е светот мал, евентуална ескалација може многу да влијае на животите. Проблемот не е нов, но нова е тенденцијата да се влоши состојбата. Поголемиот дел од Доњецк и Луганс се уште ги контролира Украина. Имавме јавно соопштување на Бајден дека очекуваат во наредните неколку денови војна. Сега се случува едно ново ниво на санкции против Русија. Таму пак се негува наратив дека населението од овие региони е пред закана. Путин ја нарече Украина вештачка творба и рече дека се врши геноцид на руското население во овие региони. Вчера Киев најави дека ја активира резервната сила. Двете се големи држави, па треба да сме загрижени, не се знае што ќе се случува понатаму. Дали руската војска ќе застане на контролираните територии или дури ќе оди кон Киев. Санкциите ќе имаат влијание, мислам дека е важен елемент и енергетската криза. Светот подзастана, шрафовите на светската економија забавија. Цените рипаат ектремно“ – вели Никола Димитров, екс-министер за надворешни работи во Студио 10 на ТВ24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.