Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се родила во Мала Азија и живеела за време на царувањето на Диоклецијан.
Се родила како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Доротеј и Евсевија долго време немале деца. Кога пораснала се развила во убава девојка, а телесната убавина ја дополнила со убавината на душата.
Нејзината убавина привлекувала многу просители, но таа одбивала да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбудил злите мисли, ги поткажал пред властите света Недела и нејзините родители како христијани.
Сите биле изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случило во 289 година во Никомидија.
Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.
Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскреснал Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.
Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.