Полициски службеници од Полициско одделение во Чашка вчера го привеле Б.А.(28) од селото Долно Јаболчиште, затоа што за него била издадена наредба од Основен суд Велес, со која се барал за издржување на казна затвор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на затворската казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.