Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.