Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека истиот ден околу 13.50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непозната жена на возраст од 45 до 55 години се обидела да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.

По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен јавен обивинител по чиишто насоки лицето М.М. било писмено предупредено, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.