Клиника „Жан Митрев“ очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе докаже невиност во однос на сите обвинувања кон доктор Жан Митрев и кон клиниката. Тоа го соопштија од Клиниката откако Основниот кривичен суд – Скопје извести дека во целост го одобрил обвинението против лекарот Жан Митрев и неговата истоимена клиника, кои се товарат за измама на пациентите за вкупен износ од 97.461.600 денари, и првото рочиште го закажал за 28. овој месец.
Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен – тврдат од Клиниката.

Оттаму уверуваат дека за време на ковид-пандемијата клиника и персоналот одиграле, како што потенцираат, херојска улога.
Овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од ковид-19, но не и како лек за ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт. Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова ќе го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и дека пред нејзе нашата правичност е јасна – се вели во соопштението од Клиниката „Жан Митрев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.