Кривична пријава заработија 26-годишна кумановчанка и нејзина врсничка од Кичево поради предизвикување општа опасност и поттикнување.

Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21 мај, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала, објави МВР.

Со пожарот зафатен бил и ходникот од женскиот дел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.