Пукање ги вознемири вечерва жителите на Карпош 3 по разбојништво во еден маркет, објави 24Инфо.

Како што пишува порталот,  разбојници влегле во маркетот со намера да го ограбат. Најверојатно не успеале во намерата па биле затекнати од граѓани или полицијата.

При тоа се обиделе да се заштитат со вработените во маркетот, но излегле. Потоа се слушнале повици СТОЈ од полицијата и пукотници. За кратко време дошле неколку полициски возила со специјалци.

Засега нема потврда од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.