Вкупно 123 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, 21 санкција е за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…

Од полицијата известуваат дека Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.