Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи денеска имаа успешната акција за пронаоѓање изгубен повозрасен човек (67 години), којшто отишол да бере чај, при што се загубил во Велешкиот ридест регион.

Информацијата за покренување спасувачка акција, како што информираат од ЦУК, е добиена вчера во 23:19 часот, преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112, каде на подрачјато на општина Чашка во реонот на село Ореше место викано Орешка Чука, А. Н. известил пдека неговиот татко Д. Н., којшто има 67години, во текот на денот отишол да бере чај при што се загубил и се уште се нема вратено, а се стемнило.

Од Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес веднаш се известени СВР Велес и колегите од ЦУК од Секторот 112 за да го лоцираат.

Преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112 е добиено известување дека неможат да го лоцираат, бидејќи се работи за возрасен човек којшто незнае да следи и прати локација од телефонот, па СВР Велес стапиле директно во контакт со лицето и добиле општи описни информации од него за можната локација. Потоа од страна на СВР Велес е побарано од РЦУК Велес теренско возило за да можат да испратат екипа на терен, информираат од ЦУК.

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес координирано и преку брза потапка преку раководителот на Регионалниот центар, обезбедил теренско возило (Лада Нива).

Спасувачката екипа на терен со теренското возило излегла вечерта околу 01:15 часот, по полноќ, во потрага по изгубениот. После целовечерна потрага, загубениот повозрасен човен (67 години) е пронајден во раните утрински часови. Според службената информацијата од СВР Велес лицето Д. Н. е пронајден во 6:40 часот и истиот е во добра здравствена состојба без повреди, се вели во соопштението од ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.