Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.

– Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.

На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.