Скопјанецот Мартин Јовановски (31) исчезна пред седум дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.

Едното момче беше пронајдено истиот ден, додека другиот, Иван успеал да преживее на отворено море благодарение на волјата и малата топка со чија помош се држел на површината додека не го пронајдат.

Мартин го нема веќе седум дена, а иако е долг период, се уште постои надеж дека ќе биде пронајден жив и здрав.

Ова се зборовите во објавата на Ана Николиќ – администраторката на страницата „Во живо од Грција“ во кој се наведува дека луѓето од Македонија ќе ја продолжат потрагата по младиот човек на доброволна основа, со помош на дронови и двогледи.

На некои грчки вести беше објавено дека, за жал, потрагата на Халкидики по 28-годишниот исчезнат во Посиди денеска е прекината, но еве едно појаснување. Потрагата е завршена од пристанишните власти и е сега е преземен од полицијата. Сите бродови кои пловат на поширокото подрачје се известени дека треба да пријават доколку забележат нешто и тоа е таканаречената втора фаза од потрагата. Од друга страна, волонтери од Македонија се организираат и доаѓаат на Халкидики да помогнат во потрагата. Тие вчера се собраа на плоштадот во Скопје и одлучија денеска на Халкидики да дојдат шест лица, се вели во објавата на Фејсбук.

Како што истакнуваат за „Voria.gr“ луѓе од семејството на Мартин, има многу кои пројавиле интерес да и помогнат на истрагата со своето физичко присуство.

Конкретно, како што наведуваат, на Халкидики се очекува пристигнување на луѓе со дронови, двогледи и друга опрема за лоцирање на исчезнатите, додека организаторите бараат луѓе кои го познаваат грчкиот јазик за да имаат најдобра можна комуникација со локалните волонтери.

Како што веќе беше познато, братот на Мартин, кој од САД пристигна на Халкидики, како и неговиот пријател Иван, отворија банкарска сметка чии пари ќе помогнат во потрагата.

На местото на настанот е мајката на Мартин, чија психичка состојба е разбирливо, многу тешка.

Христос Рамос, кој ја води потрагата по 31-годишникот, цитирајќи ги зборовите на неговиот брат побара од нив да се подготват за голема операција, нагласувајќи дека ќе направи се што е потребно за да го лоцира Мартин.

Како што посочува, денеска е во тек голема потрага со три пловечки пловила, авиони и дронови од брегот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.