Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната.
Како и на речиси секое претходно рочиште повторно граѓаните преку социјалните мрежи се организираат на мирен протест пред судот за да му дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, за кого сметаат дека неоправдано е обвинет во овој судски процес.
-Мирен граѓански протест-Правда за д-р Бобан Вучевски. На ден 02.03.2023 четврток пред Основниот Суд во Тетово со почеток во 9.00 часот ќе започне мирен граѓански протест во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, се вели во повикот по социјалните мрежи.
Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.